(ВИДЕО) Путин се нурна до потоната подморница во Втората светска војна

од desk2
160 прегледи

Претседателот на Русија , Владимир Путин , се нурна во батискаф до местото каде во Втората светска војна потонала подморница.

Путин се нурна во батискаф на дното на Финскиот залив , за да ги разгледа остатоците од подморницата ШЧ-308, што потонала во Втората светска војна. Батискафот во кој нурна Путин е специјално направен за големи морски длабочини.

,,Впечатоците се живописни. Не ми е прв пат да нуркам . Затоа немам впечатоци од самото нуркање , туку од она што го видовме долу.” , рече претседателот на Русија.

https://www.youtube.com/watch?v=gSNYmArIrxk

Еден од морнарите постави плакета на местото на несреќата , а потоа со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите морнари.