Речиси пред 20 години, Џенифер Лопез влезе во приказната и “го скрши” интернетот со зелениот фустан на Версаче.
Пејачката се појави со него на црвениот тепих и стана најкоментираната ѕвезда поради смелиот дизајн на тоалетата и нејзината совршена фигура.
Версаче сега нè потсетува на овој момент, претворајќи го својот иконски модел во … патики.
Италијанската модна куќа создаде специјален пар кој ја прославува годишнината на Џенифер Лопез – нејзиниот 50-ти роденден, инспириран од нејзиниот гламурозен изглед во секси зелен фустан за време на Греми наградите.
Дизајнот на патиките толку реално наликува на фустанот кој дури има и елемент кој го материјализира длабокото деколте на фустанот. Зелениот принт е сличен на моделот на тоалетата, па дури и нагласува симболичен вез како брендирањето на Версаче.
Самата пејачка вели дека по церемонијата на доделување на Греми во 2000 година, зелената боја станала нејзина омилена боја.