„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето-добивката, инвестициите и 80 нови вработувања годинава

од desk4
72 прегледи

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех.

Како што соопштија од компанијата, според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 4.138.296.380 денари, што е за 13 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 846.016.625 денари, бележи зголемување од околу 21 отсто, единечната нето-добивка изнесува 476.943.692 денари и истата е зголемена за 19 отсто.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.527.969.892 денари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за шест отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 21 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 34 отсто се остварени на домашен пазар, додека 66 отсто се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени девет отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 отсто и на останатите пазари се остварени два отсто од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 208.941.531 денари што е три пати повеќе од лани и Русија со продажби од 349.136.633 денари што претставува раст од 95 отсто споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Германија раст од 49 отсто, Бугарија раст од 32 отсто, Украина раст од 31 отсто, Романија раст од 27 отсто, Чешка раст од 26 отсто, САД раст од 15 отсто, Косово раст од 15 отсто, Србија раст од 12 отсто, Црна Гора раст од 11 отсто, Словенија раст од девет отсто итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86 отсто. Од нив поголем удел имаат ОТЦ-препаратите со 22 отсто, Кардиолошките препарати со 16 отсто, Антибиотиците со 15 отсто, Невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14 отсто во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со три отсто, Козметика со осум отсто и Билкарство учествува со три отсто.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 865.953.790 денари бележи раст од 22 отсто, додека нето-консолидираната добивка во износ од 460.762.242 денари е зголемена исто така за 22 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2019 година изнесуваат 421.718.320 денари. Во периодот јануари – јуни 2019 година во Алкалоид се реализирани 80 нови вработувања во Република Северна Македонија. рп/са/

 

Скопскиот аеродром со раст од 119 отсто во поврзаноста со светот

Posted on јули 29th, 2019 од Сашко Панајотов

Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Меѓународниот аеродром во Скопје во изминатава деценија бележи раст на поврзаноста со останатите аеродроми во светот од 119,1 отсто, покажуваат податоците на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ).

Како што објави специјализираниот портал за авиосообраќај exyuaviation.com, со ваквиот раст скопскиот аеродром е рангиран на второто место меѓу аеродромите во главните градови на поранешните југословенски републики, зад Подгорица, која бележи раст во периодот 2019 – 2009 од 284,8 отсто.

По Подгорица и Скопје, следува аеродромот во Сараево со децениски раст на поврзаноста од 109,3 проценти, пред Белград со 77,7 отсто, Загреб со 73,4 проценти и Љубљана со 20,4 отсто.

Од сите 15 аеродроми во државите од поранешна Југославија вклучени на листата, најголем раст на поврзаноста има Ниш со 1.134,2 отсто, пред Осијек со 926,7 проценти, Пула со 479,4, Тиват со 352,7 и Задар со 341,2 отсто.

Аеродромот во Охрид е шести на листата со раст на поврзаноста во последнава деценија од 289 проценти.

На листата не е вклучен аеродромот во Приштина.

Кога станува збор за воздушната поврзаност во земјите од поранешна Југославија со светот, податоците на АЦИ покажуваат дека тие се меѓу најслабо поврзаните држави со авиолинии во Европа.

Од вкупно 43-те европски држави рангирани на листата на АЦИ, Босна и Херцеговина е на последното место, Северна Македонија е 40-та, Словенија 39-та, Црна Гора 36-та, Србија 28-ма, а Хрватска 22-ра.

Во делот за Северна Македонија се посочува дека земјата во последнава декада бележи значителен пораст на бројот на патници, на што во голема мерка влијаеле линиите на „Виз Ер“.

Инаку, лидер на листата на најдобра авиоповрзаност меѓу земјите од Европа е Шпанија, пред Германија, Велика Британија, Франција и Турција.