Јемен: Најмалку 10 загинати во воздушни напади

од desk2
221 прегледи

Најмалку 10 цивили се убиени денеска во воздушните напади на пазар, во јеменската провинција Сада, објавија медиумите кои се под контрола на племето Хути, пренесува Танјуг.

Дел од западните медиуми објавуваат дека во нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија загинале 13 лица загинаа, а 23 се повредени.

Саудиските власти и коалицијата не го потврдија учеството во нападот.