Хрватската пошта почна да врши замена на криптовалути

од desk2
251 прегледи

Криптовалутите последните години намамија се повеќе корисници, а Хрватска со својата мрежа од 1.016 поштенски канцеларии сака дополнително да ја зголеми нивната популарност. Сопствениците на криптовалути кои сакаат своите виртуелни пари да ги заменат за куни повеќе не мора да бараат банкомат или банка, Од 15 јули своите криптовалути можат да ги заменат во Хрватска пошта.

Како што велат од поштата, сите домашни и странски корисници своите криптовалути можат да ги променат во куни во задарските поштенски канцеларии со само неколку едноставни чекори. По поднесувањето барање се скенира QR кодото и во поштата може да се подигнр готовина. Моментално може да се заменат петте најчесто користени риптовалути: биткоин, етереум, стелар, рипл и EOS.

Пилот-проектот во соработка со хрватската компанија Electrocoin, која веќе пет години го води сервистот bitcoin-mjenjacnica.hr, се спроведува во три канцеларии во Задар, а ќе го покаже интересот на пазарот за ваквов вид услуга.