Седумнаесет загинати при уривање на авион на пакистанската армија

од desk4
111 прегледи

Најмалку 17 лица загинаа денеска откако се урна авион на пакистанската армија во станбен реон во градот Равалпинди.

Меѓу загинатите се двајца пилоти, тројца членови на екипаж и 10 цивили. Дванаесет луѓе се повредени.

Откако се урнал авионот во реонот на трговскиот комплекс „Раби центар“ избувнал голем пожар што зафатил и неколку куќи. Авионот извршувал тренинг-лет и засега причината за уривањето е непозната