Меган и Хари размислуваат да живеат во Лос Анџелес

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Иако Меган Маркл никогаш не го запозна нејзиниот син Арчи со својот татко и другите роднини, војвотката од Сасекс го задржува своето дете близу до бабата,  нејзината мајка Дорија.

Стана јасно дека поранешната ѕвезда од адвокатската серија и принцот Хари имаат намера да купат дом во Лос Анџелес, така што нивниот првороден наследник може почесто да ја гледа неговата баба, Дорија, пренесува The Sun.

„Сите знаеме дека Меган е многу блиска со нејзината мајка. Дорија е многу важен и составен дел од животот на Арчи, па можеби војводите размислуваат да купат дом во Лос Анџелес. Тие можат да одат таму за време на одморите и да поминат време со Дорија “, напиша дописникот на списанието.

До појавувањето на Арчи Дорија беше во Лондон, а откако бебето се роди, му помагаше на новороденчето.

Соопштението објаснува дека Хари и Меган ќе поминат повеќе време во САД, бидејќи принцот, заедно со телевизискиот презентер Опра Винфри, планираат да снимаат документарец, третирајќи прашања во врска со менталното здравје на луѓето.