Јајца со печурки

од desk2
381 прегледи

Вкусен и евтин оброк готов за миг!

СОСТОЈКИ:
500 гр шампињони
4 лажици масло
2 лажички зачин за зеленчук
2 чешниња лук
1/2 лажичка сушено оригано
1 лажичка сечкан магдонос
4 јајца
4 белки
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измиените и исчистени шампињони исечкајте ги на листови и пропржете ги на загреано масло. Додајте зачин за зеленчук, исечкан лук и динстајте додека не испари сета течност. На крај измешајте оригано и магдонос.
Разматете 4 јајца, а од белките направете цврст снег. Снегот измешајте го во јајцата и смесата малку посолете ја. На загреано масло во широка тава излејте ја подготвената мешавина со јајца, намалете го огнот и печете околу половина минута.
На едната страна од омлетот ставете шампињони и преклопете.

Слични содржини