Борисов во посета на Македонија, заедно со Заев, ќе се поклонат пред Гоце Делчев

од desk4
134 прегледи

Премиерот Бојко Борисов денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во Скопје, премиерот Борисов и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ќе ја одбележат втората годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка меѓу двете држави , како и славење на  настани и личности од нашата заедничка историја – Илинден-Преображение востание и Гоце Делчев објави  бугарската владина прес-служба.

Договорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија беше потпишан во 2017 година, што даде поттик за одржливо градење на пријателски и соседски односи. Документот е основа за зајакнување на соработката, проширување на транспортните врски и комуникации, олеснување на контакти меѓу граѓаните на двете земји.

Премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот на партнерството билатерално и мултилатерално. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонија за положување цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата  Св. Спас “во Скопје.

Премиерот Бојко Борисов ќе се сретне и со претседателот Стив Пендоровски во во вилата Водно каде што се наожа претседателската резиденција.

Во Дојран, двајцата шефови на владата, Бојко Борисов и Зоран Заев, ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев.

За време на неговата посета на Република Северна Македонија, премиерот Борисов ќе биде придружуван од вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.