336
Направете вкусна кокос-фантазија торта.
СОСТОЈКИ:
4 белки
250 гр. шеќер
150 гр. кокос
ПРЕЛИВ:
100 гр. чоколадо
4 лажици млеко
2 лажици какао
1 лажица нескафе
½ л .павлака
1 пудинг од ванила
ПОДГОТОВКА:
Се матат 4 белки со шеќер и кокос и се става бисквитот во плех и се пече на 150 степени додека не порумени.
Се лади, ама не се вади од калапот.
Се прави пудингот според упатството на кесето и се лади.
Се топи чоколадото со млеко, какао и лажица нескафе и се премачкува оладениот бисквит со смесата.
Се мати цврсто павлаката и се додава во оладениот пудинг постепено.
Се меша и се става врз бисквитот./Gotvi.mk