МВР-билтен

На 02.08.2019 година во 20:00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата. Од здобиените повреди, при транспорт во болница, лицето починало. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Д. (28) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ на РСМ. Според документираните сознанија од истрагата пријавениот во средината на мај годинава откако претходно набавил, му продал наркотична дрога марихуана на лицето Д.Д. (38) од Куманово. По ова, купувачот на дрогата заедно со лицето С.Б. (43) од Велес со возило “Фиат-пунто“ со велешки регистарски таблички го напуштиле Куманово, меѓутоа за кратко време кај наплатна рампа Сопот, од правец на Скопје кон Велес од страна на полициски службеници патничкото возило било сопрено. При извршен преглед на возилото, на задното седиште била пронајдена марихуаната. Во врска со ова СВР Велес, веќе претходно, односно на 15.05. годинава поднесе кривична пријава против овие две лица до ОЈО Велес под сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 од КЗ на РСМ. Врз основа на издадена судска наредба од судија на претходна постапка при Основен Суд Куманово извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Д.Д. (28) при што му е одземен мобилен телефон со СИМ картичка. Од страна на судија на претходна постапка нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 02.08.2019 година во 02:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Миладиновци-н.Илинден В.М.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес „Ц 200“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.08.2019 година во 16:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, поточно кај с.Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(58) од Струмица и патничко моторно возило „БМВ“ со германски национални ознаки управувано од Т.М.(30) од с.Владевци, Струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Шкода Фабиа“ З.Ѓ.(64), а со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „БМВ“ Н.М.(58). Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Струмица.