Интегрални погачици со тиквици

од desk2
270 прегледи

Погачици со тиквици, кашкавал и босилек. Одличен вкус!

СОСТОЈКИ:
300 гр тиквици
250 гр кашкавал
100 гр маргарин
20 гр свеж квасец
2 лажички песто сос
1 лажичкасол
2 јајца + 1 за премачкување
500 гр интегрално брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте тиквици, маргарин, сирење. Додајте сол, јајца, песто, квасец разматен со малку вода. Замесете со брашно (400 гр) и оставете да отстои во фрижидер еден час.

Премесете со додавање брашно, развлечете со сукало и вадете погачици. Секоја премачкајте ја со разматено јајце и печете на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Слични содржини