Во францускиот град Нант се случиле судири меѓу полицијата и демонстрантите , јави АФП.

Демонстрациите се случуваат по смртта на 24-годишен маж, чие тело е извлечено од реката Лоаре.
Мажот последен пат беше виден жив на 21 јуни кога учествуваше на музички фестивал. Потоа полицијата интервенира, употребува солзавец против учесниците и многу од нив паѓаат во вода.
Најмалку 14 лица беа спасени од давење тогаш, но стравот беше дека некои се исчезнати.
Сепак, Стивен Канико не е меѓу пронајдените и спасените и неговиот случај се здобива со популарност кај корисниците на социјалните мрежи.
Каде е Стив!, прашуваат тие.
Т.н. „жолтите елеци“, познати по своите илјадници протести во земјата,повикаа на протести и во одбрана наСтивен Канико.
Телото на човекот било откриено неколку милји од местото на фестивалот.
Според францускиот премиер Едуард Филип не постои поврзаност помеѓу двата случаи.