Забранета продажбата на вода во пластични шишиња на аеродромот во Сан Франциско

од desk2
169 прегледи

На меѓународниот аеродром во Сан Франциско ќе биде забранета продажбата на пластични шишиња со вода. Одлуката стапува во сила на 20 август, објави „Сан Франциско хроникл“.

Новото правило ќе важи за рестораните, кафулињата и апаратите на аеродромот. Патниците ќе може да купат вода за пиење во стаклени или алуминиумски амбалажи.

Ваквата одлука на аеродромот следи откако локалните власти во 2014 година донесоа забрана за продажба на вода во пластична амбалажа на имот кој е во сопственост на градот.