Славните актери Силвестер Сталоне и Долф Ландгрен повторно ќе работат заедно, овојпат во нова ТВ-серија за која се заинтересирани Fox, CBS и NBC.

Сценарист на проектот е Кен Санзел, кој работеше на популарната серија „Numbers“.
Ландгрен (61) ќе го игра ликот на таен агент во одделението за безбедност на ОН, кого го опишуваат како „едночлен СВАТ тим“ и преговарач во заложнички ситуации.
Порталот Deadline пишува дека можно е Сталоне (73), покрај продуцент, да биде и режисер на проектот.
Извршни продуценти се Тони Кранц, кој му е партнер на Сталоне од Bilboa Production, Брејден Афтергуд и менаџерот на Ландгрен, Крег Баумгартен.
Сталоне и Ландгрен прв пат соработуваа во филмот „Rocky IV“ каде ги глумеа ривалите Роки и Драго, а потоа пак се сретнаа во филмот „The Expendables“.
И двајцата ги репризираа улогите во спиноф филмот „Creed II“.