Баровите на Makr Shakr се комбинација на робот бармен со технологија за храна. Во Милано барот наречен The View се наоѓа на кровот на луксузниот хотел TownHouse Duomo и е отворен за јавноста од 26 јули. View им овозможува на гостите да уживаат во пијалаци направени од робот.

Роботот кој се наоѓа во двата барови е направен според гестовите на италијанскиот танчар и кореограф Марко Пеле. Тоа е најнапредниот робот за мешање пијалаци во светот и може да се купи или да се изнајми, Двете механички раце на роботот прецизно подготвуваат и послужуваат пијалаци за неколку секунди.
Преку апликацијата на Makr Shakr посетителите на баровите можат да изберат од понудените рецепти направени од интернационални бармени или сами да креираат и да именуваат свои коктели.