Ресторан во хеликоптер над Лондон

од desk4
66 прегледи

За помалку од седум дена во Лондон со работа почнува првиот ресторан во хеликоптер. Проектот го покрена „европска фирма која сака да привлече клиенти со подлабок џеб“, објави „Робрипорт”.

Хеликоптерот ќе лета 300 метри над земјата, а може да прими најмногу пет лица. Тие притоа ќе ги обиколат најпознатите знаменитости на Лондон.

Доколку оваа атракција стане популарна, сличен проект може да се спроведе и во Сиднеј, Хонгконг и Единбург.