Со овој рецепт нема грешка. Вкусен ручек кој ќе ве освои!
СОСТОЈКИ:
4 кременадли
2 лажици путер
4 лажици мед
2 чешниња лук
100 мл балсамико оцет
рузмарин или мајчина душица
лута пипер
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во поголема тава загрејте путер на средно силен оган, и кременадлите добро зачинете ги со сол и бибер. Печете ги по 2-3 минути од секоја страна, додека убаво не поруменат.
Наредете ги во огноотпорен сад. Во чинија измешајте балсамико оцет, мед, ситно сечкан лук, прстофат лута пипер и лажица иситнет рузмарин или мајчина душица.
Прелијте ги кременадлите со половина од глазурата и свртете ги неколку пати, така што ќе бидат прекриени од сите страни. Печете пет минути во загреана рерна, потоа прелијте со остатокот од глазурата и печете уште 7-8 минути.
Добар апетит!