Huawei, HongmengOS и првиот уред со новиот оперативен систем

од Vlatko K
238 прегледи

Откако САД воведоа трговски санкции против Huawei во мај годинава, стана јасно дека кинеската
телекомуникациска компанија развива свој мобилен оперативен систем, кој требаше да биде
алтернатива за Android.


Потоа, Huawei објави дека системот е всушност дизајниран за „индустриски цели“ и тешко дека ќе
го видиме во гаџетите за масовен пазар.

За време на викендот, кинески „Глобал Тајмс“ објави дека HongmengOS на крајот ќе се појави во
смартфон со среден опсег следниот октомври, а може да го видиме неговото лансирање во Кина
уште на 9 август.

Наводно е дека во октомври, заедно со серијата Mate 30, Huawei ќе покаже телефон од 290 долари,
што ќе биде првиот што ќе работи со HongmengOS.

Дури има шпекулации дека Huawei ќе продолжи да го вметнува Android во своите топ модели и да
користи HongmengOS за своите поевтини телефони.