Силна експлозија утринава го стресе Кабул

од desk4
130 прегледи

Голема експлозија одекна рано утринава во западниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, јави ДПА, повикувајќи се на локални жители и официјални претставници.

Портпаролот на аваганистанското Министерство за внатрешни работи Насрат Рахими ја потврди експлозијата, но не сакаше да даде други детали.

Според ДПА, експолозијата се слушнала и почуствувала низ многу делови од градот.