Уште еден романтичен гест од Тревис Скот за Кајли Џенер. Сопругот на реалити sвездата го поплавува нивниот дом со цвеќиња за да ја изненади со роденденот. 
Илјадниците рози меѓу кои трча нивното дете беа само дел од изненадувањето за 22-годишнината на милијардерот.
Џенер се погрижи да се пофали со цвеќињата објавувајќи видео на Инстаграм.
„Мојот дом е опсипан со рози, а мене сè уште не ми е роденден“, напиша таа.
„Зачувај ја планетата земја“, одговорил следбеник под записот, во кој Кајли шета на тепих со лисја од црвена роза и нејзиното мало девојче престанува да ги фрла во воздухот.
За неколку дена, на 10 август, полусестрата на Ким Кардашијан ќе наполни 22 години. Се очекува да прослави на Медитеранот, за што специјално изнајми јахта. Според светските медиуми, Џенер планира да потроши луди пари за забавата.
Тревис Скот често ѝ дава цвеќе на својата понежна половина. За денот на вљубените, тој нарачал голем број рози што ја чекаа во нивниот дом.
https://www.instagram.com/p/B0y8EmenMGM/