Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјавил дека поседува докази дека советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, дал одобрение за атентат над него.

“Мина една година од обидот за државен удар. Денес имам докази дека убиството го нарачал Џон Болтон од Белата куќа”, изјавил Мадуро за државната телевизија.
Тој нагласил дека постојат и сведоци дека Болтон и поранешниот претседател на Колумбија, Хуан Мануел Сантос му наредиле на опозиционерот Хулио Берхес да го убие Мадуро.
“Не можам да го обвинам претседателот Трамп, не во овој момент, но ги имам сите основи да го обвинам Џон Болтон и да барам истрага против него”, додал претседателот на Венецуела.
Потсетуваме, лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо, се прогласил за привремен вршител на должноста претседател. Го поддржале САД, неколку држави од Латинска Америка и повеќето европски држави. Русија, Кина, Турција, Куба и повеќето светски држави го признаваат Мадуро како легитимен претседател.