Кијану Ривс непрепознатлив во новата улога

од desk2
173 прегледи

Актерот Кијану Ривс има нов изглед за потребите на новиот проект на кој работи.


Еден од омилените холивудски глумци Кијану Ривс ги збуни фановите со новиот изглед.

Имено, 54-годишниот глумец моментално го снима филмот „Bill & Ted face the music“ и неговиот изглед е прилагоден на улогата.

Фановите коментираат дека актерот воопшто не личи на себе откако си ја скратил косата и пуштил брада. Уште не е познато дали Ривс ќе го задржи овој изглед после снимањето, а фановите се сложуваат дека додека тој е задоволен како изгледа, тие немаат ништо против.