283
Состојки
1 кг вишни
1 л ракија
750 гр шеќер
стапчиња цимет
околу 15-20 каранфилчиња
Вишните измијте ги, исцедете ги, остранете им ги дршките и редете во голема тегла.
Се реди-ред вишни, ред шеќер па стапче цимет па неколку каранфилчиња.
Теглата се полни до врв. Полната тегла се прелева со ракија.
Теглата затворете ја и се остава на сонце две недели, со повремено потресување.
Потоа ликерот се цеди и се турива во чисти и суви шишиња кои добро се затвораат.
Ликерот се чува на темно и ладно место.
На здравје!/Moi recepti