Парите од снимката на италијанскиот весник „Ла Верита“, според информациите на Телма од истражни органи, се подигнати како позајмица преку Банка во која сопственички удел има Орце Камчев, сведокот. Позајмиците ги даваат други фирми на Камчев, и се дадени на лично име на сопругата на Камчев и на друга жена близок роднина на сведокот. Трансакциите се регистрирани во финаниско разузнавање, а потоа како сомнителни се пријавени во СЈО. Таму била разгледана информацијата, првин се мислело дека е подготовка за бегство на Камчев кој е соомничен во случајот Империја.
