
Портпаролката на грчката крајбрежна служба, Христина Харлафати за грчката телевизија „Уан“ (One), изјави дека на едниот 10 метарски чамец имало осум до 10 лица, Англичани, додека пак во другиот, петметарски дрвен чамец се превезувале тројца Грци. Двајца од нив го загубиле животот, а третото лице, жена е сериозно повредена.
За сега нема информации кои се причините за несреќата и што точно се случило, а според грчките медиуми, големиот чамец со туристите, веројатно глисер или јахта поминал преку дрвениот чамец, веројатно рибарски.
На местото на несреќата пристигнаа бродови на грчката крајбрежна служба како и приватни чамци. ср/ми/