Почна разврската за „Рекет“ -Лиле Стефанова и Катица Јанева повикани на сослушување!

од desk4
137 прегледи

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО , дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Поканата на Стефанова ѝ била испратена по нејзината вчерашна изјава дека ѝ бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.

Истрагата за „Рекет“ ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска која ја проширува истрагата и со влијание врз предметната обвинителка од СЈО Лиле Стефанова.

Неофицијално пренесува СДК.МК следна на сослушување ќе била повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката во СЈО Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ кажува дека шефицата Катица Јанева дала согласност  Орце Камчев од притвор во Шутка да се префрли во домашен притвор и со тоа му овозможила да влијае на истрагата. Според неа, тоа се гледа сега кога излегоа снимките од неговиот дом поврзани со случајот на обвинителството за организран криминал „Рекет“. Стефанова е обвинителката која ја споменува Камчев во телефонски разговор кој сам си го снимал додека муабетел со Бојан Јовановски-Боки 13. Разговорот беше објавен во италијанскиот весник „Ла верита“.

Таа вели дека само специјалната обвинителка Катица Јанева и никој друг ги носела одлуките за олеснување на состојбата на Орце Камчев и Цветан Панделески додека биле во притвор.