Кание Вест е контроверзна фигура и со годините стекна многу обожаватели и омраза. Но, едно не може да се одрече – раперот е дарежлив! Ѕвездата го воодушеви неговиот менаџер Џон Монополи со сосема ново Lamborghini, специјално издание.
„Среќен роденден за мене! Зборовите не можат да ја изразат мојата благодарност… Јас немам зборови “, напиша Монополи на фотографијата што ја постави на неговиот личен профил, позирајќи со Кание пред едно ново возило со црна мат боја. Тој се обиде да чува во тајност тоа од кој е подарокот, велејќи му на ТМЗ дека тој е „многу добра личност што ја познавам 30 години“.
Сепак, фановите на Вест веднаш ја откриле вистината. Монополи го познава Кание толку години, а тој самиот го открил на музичката сцена и му помогнал да ги издаде првите три албуми.
Според добро запознатите, цената на луксузното возило е околу 300.000 американски долари.