Заев: Нето-приливите на странски директни инвестиции се зголемија од 131 милиони евра во 2012. на 621,9 милиони евра лани

од desk2
122 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека според податоците Светска трговска организација (СТО), нето-приливите на странските директни инвестиции во земјава минатата година биле за речиси пет пати поголеми отколку во 2012-та.

– Нето-приливите на странските директни инвестиции се зголемиле од околу 131 милиони евра во 2012 година на 621,9 милиони евра во 2018 година, според последниот извештај на Светската трговска организација, напиша премиерот Заев на Фејсбук.