728
Фина и лесна пита од тиквици, компир и младо сирење.
СОСТОЈКИ:
700 гр тиквици
400 гр компири
100 гр кромид
250 гр младо сирење
4 јајца
2-3 лажици маслиново масло
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте тиквици, компир, кромид, посолете и побиберете па додајте издробено сирење и разматени јајца.
Намастете тепсија, ставете ја смесата, од горе ставете малку масло. Печете 30 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: