Rimac го спасува Audi R8

од desk2
356 прегледи

Audi R8 може да има иднина благодарение на Rimac автомобилите.Според магазинот Car, R8 ќе добие електричен наследник во 2023 или 2024 година, а ќе биде наречен RS e-tron.

Audi наводно преговара за соработка со Rimac, кој е еден од лидерите во производство на компоненти за електрични автомобили.По импресивните резултати од неговите концепти Concept One и C_Two, Rimac стана важен играч во EV сегментот.Веќе соработувал со сестринската компанија на Audi, Porsche, а се шпекулира дека ќе работи и со Bugatti на првиот SUV на француската компанија, а можеби и со Lamborghini.Сите овие брендови се дел од германската Volkswagen група. Rimac наводно ќе го снабдува Audi со четири електрични мотори и батерии за брзо полнење.Се шпекулира дека електричниот Audi R8, поточно RS e-tron би требало да забрза од место до 100 км на час за 2,5 секунди со погон на сите четири тркала.Со оглед на тоа дека може да се заснова на платформата J1 на која Porsche го изгради Taycan, електричниот R8 не може да има 950 КС со автономија до 500 км.

Слични содржини