Анкара: До крајот на август или во септември – втора испорака на С-400

од desk2
80 прегледи

Министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар изјавил дека Анкара очекува во втората половина на август или во септември да биде реализирана втората испорака на одбранбениот ракетен систем С-400, пренесува весникот „Катимерини”.

„Бидејќи беше прекинат Договорот за нуклеарните сили со среден и помал дострел Турција ќе има сè поголема потреба од системите С-400“, изјавил Акер.

Воените претставници на САД и НАТО долго време се спротивставуваа на Турција за купувањето на С-400 од Русија, велејќи дека тоа не е компатибилно со воените системи на сојузот и дека ќе ги загрози новите авиони Ф-35 што ги користи Западот.

Откако Русија почна со испорака на компоненти на системот С-400 на Турција, Вашингтон реагираше и ја исклучи Турција од својата борбена авионска програма Ф-35.