149
Италијанскиот Сенат денеска ќе го разгледа предлогот за изгласување недоверба на Владата.
Сенаторите го прекинаа летниот одмор и денеска во полн состав ќе разговараат за иднината на италијанската Влада.
Политичката криза почна минатата недела кога министерот за внатрешни работи и лидер на партијата Лига, Матео Салвини побара предвремени избори.
Неговото барање уследи по несогласувањата со коалицискиот партнер Движење пет ѕвезди за прашањата за миграцијата и за буџетот.