Поранешна ѕвезда во НБА ќе лежи 3,5 години во затвор

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Поранешниот плејмејкер Себастијан Телфер е осуден на 3,5 години затвор од судот во Бруклин за нелегално поседување огнено оружје.

Судскиот процес против кошаркарот започна во април годинава, откако во јули 2017 година беше пронајден нелегален пиштол во багажникот на неговиот автомобил во текот на рутинска проверка на патот.

Телфер беше избран од Портланд во првата рунда на драфтот во 2004 година, само неколку месеци откако се појави на насловната страна на „Sports Illustrated“ како еден од најперспективните млади играчи во САД.

Бекот играше 10 години во НБА, запишувајќи просек од 7,4 поени во неговата кариера. Тој ја напушти лигата во сезоната 2014/15 по краткиот престој во Оклахома Сити.