Вашингтон побара од Грција да придонесе во мултинационална поморска сила која ќе го следи Персискиот Залив со цел да се заштити слободата на навигацииите, пренесува „Катимерини“.

Американското барање, направено пред неколку дена, се однесуваше на помош или со фрегата – или со воздушно извидување, надзор или само  извидување.

Сепак, во моментов, Грција нема доволно ресурси за да ги задоволи сопствените потреби за воздушен надзор и затоа не е во состојба да се справи со барањата на трети лица , дипломатски го отфрлија барањето од  Атина.

Грчката влада ги потсети Соединетите држави дека ескалацијата на тензиите со Турција во Егејското Море и Источниот Медитеран не дозволува Грција да учествува во меѓународни мисии.