Транспарентност и одговорност во политичките процеси, е темата на семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства, што ќе се одржи денеска и утре во Велес, во организација на НВО ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Според најавата од организаторот, специјални гости на семинарот ќе бидат претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, експертот за финансии и поранешен советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.