„Не велам дека сите треба да се бричат за да бидат секси“. Ова е она што го изјави Емили Ратајковски за Harper’s Bazaar. Списанието ги објавува фотографиите на моделот во својот последен број. 
„Се обидувам да покажам дека жените треба да можат да изберат како да се претстават себеси и што да облечат – без разлика дали станува збор за бурка или бикини“, рече убавата жена, која се сними со обраснати пазуви и црна долна облека.
Ратајковски го сподели провокативниот наслов на Инстаграм, придружен од цитатот: „Дајте им на жените можност да бидат што сакаат, да бидат со колку лица можат повеќе“.
Според моделот, жената треба да има избор – како да се облекува, дали да се бричи или не, што да објавува на социјалните мрежи.
Емили истакнува дека таа е широко потценета како активист и застапник за правата на жените.
„Кога бев уапсена, медиумите не коментираа за фактот дека протестирав, туку дека не носев градник под кошулата. Не можев да верувам дека жените кои стоеја рамо до рамо со мене на протестот претпочитаа да го критикуваат мојот избор за облека тогаш “, пишува Ратајковски.
Според ѕвездата, таа сака да ја искаже својата сексуалност преку убава долна облека, шминка. Според неа, таа се чувствува подеднакво секси и со влакна и без.
https://www.instagram.com/p/B06HuNWhGiX/?utm_source=ig_embed