Грчките борци продолжуваат да се борат со бројни пожари, a најлоша е ситуацијата на островот Евбеја, пренеспренесуваат медиумите.

Во природен резерват на вториот по големина грчки остров, пожарот избувна веќе втор ден и е расапален од силниот ветер. Изгорена е површина од 28 квадратни километри.
Чадот стигна до главниот град Атина, а стотици луѓе беа евакуирани.
Во операцијата се вклучени освен пожарникари, заедно и војската и волонтерите, помогнати од авиони и хеликоптери.
Премиерот Мицотакис им честиташе и нареди итна проценка на штетата за да се утврди обештетување на жртвите.