Миранда Кер во фустан со лимони блеска пред породувањето

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Супермоделот Миранда Кер веројатно многу брзо ќе стане мајка по трет пат. Дека е бремена дознавме во март оваа година.

Убавицата објави фотографија на својата страница на Инстаграм на која се гледа колку ѝ пораснал нејзиниот стомак, а стана јасно дека Кер можеби наскоро ќе се породи. Миранда сјае на фотографијата, облечена во разнобоен фустан со лимони, покажувајќи дека е во одлична форма.

Ова ќе биде нејзино второ дете од нејзиниот брак со Еван Шпигел, креаторот на Снепчат. Двајцата се венчаа во 2017 година во Лос Анџелес. На 7 мај минатата година се роди нивниот прв син.

Самата Миранда има уште еден син од бракот со холивудската sвезда на Пиратите од Карибите, Орландо Блум. Двајцата беа сопружници од 2010 до 2013 година.

Непосредно по објавувањето на фотографијата, Миранда објави друга фотографија на социјалните медиуми, но овој пат таа веќе беше со сопругот Еван Шпигел.

https://www.instagram.com/p/B1EeNanhXmr/?utm_source=ig_embed