Очигледно, односот помеѓу Леонардо ди Каприо и Камила Мороне се продлабочува секој ден. Двајцата беа забележани како уживаат на годишниот одмор во Италија. Тие патувале со брод од Сардинија и Позитано, забележува „Дејли мејл“.
Двајцата беа забележани заедно во Понза, Италија овој викенд. 44-годишниот холивудски актер се чинеше во добро расположение во друштво на својата 22-годишна понежна половина. Парот носеше елеци и се препушти на џет-скијање
Леонардо и Камила за прв пат се среќаваат во декември 2017 година, но минатата година не беше потврдена нивната романса откако беа забележани во јавноста постојано.
Исто така минатата година, се шпекулираше дека ѕвездата на „Титаник“ е конечно подготвена за сериозна врска.
„Тие разговараа за брак“, рече извор близок до Лео, додавајќи дека Леонардо веќе бил „подготвен да има деца“.
Како потврда на неговите зборови се големите настани на кои двајцата присуствуваат заедно – како доказ дека нивната врска цвета.
Парот беше забележан заедно дури и на 60-тиот роденден на Елен Деџенерис во Лос Анџелес во јануари 2018 година и на Коачела фест.
Камила, исто така, го придружуваше Ди Каприо на Канскиот филмски фестивал, каде го претстави најновиот филм на Квентин Тарантино, во кој се здружи со Бред Пит. Сепак, на црвениот тепих, Камила беше сама.
https://www.instagram.com/p/B08oESMFgwj/?utm_source=ig_embed