Монако во обид да го донесе Икарди

од desk4
132 прегледи

Монако започна преговори со Интер за напаѓачот Мауро Икарди, пренесува „Фудбал линк“.

Според изворот, претседателот на тимот од Кнежеството, Олег Петров зборува отворено со вработените во клубот и фудбалерите за можноста за доаѓање на 26-годишбиот Аргентинец.

Минатата сезона Икарди на 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции. Договорот на Икарди со Интер важи до 30 јуни 2021 година.