Очигледно, односот помеѓу Леонардо ди Каприо и Камила Мороне се продлабочува со секој изминат ден. Двајцата беа забележани како уживаат на годишен одмор во Италија. Тие патувале со брод од Сардинија и Позитано, забележува Дејли Меил.
Двајцата беа заедно во Понза, Италија овој викенд. 44-годишниот холивудски актер се појави во добар дух со својот 22-годишна нежна партнерка.
Леонардо и Камила прв пат се запознаа во декември 2017 година, но нивната романса не беше потврдена до минатата година, кога повеќе пати беа забележани во јавноста.
Минатата година се шпекулираше и дека star ѕвездата на „Титаник“ е конечно подготвена за сериозна врска.
„Тие зборуваат за брак“, рече извор близок на Лео, кој додаде дека Леонардо веќе е „подготвен да има деца“.
Потврдувајќи ги неговите зборови се големите настани што двајцата присуствуваат заедно – како доказ дека нивната врска цвета.
Парот се забележани заедно дури и на 60-тиот роденден на Елен Деџенерис во Лос Анџелес во јануари 2018 година и на Коачела фест.
https://www.instagram.com/p/B08oESMFgwj/?utm_source=ig_web_copy_link
Камила го придружува и Ди Каприо на Канскиот филмски фестивал, каде го претстави најновиот филм на Квентин Тарантино во кој глуми Бред Пит. Сепак, на црвениот тепих, Камила беше сама.