Црна Хроника: Утепан од струја, каснат од куче, кражби, разбојнштва и дилери на дрога

од Даниел Ѓорѓиевски
147 прегледи
МВР билтен:

Во Полициската станица Аеродром завчера во 14:00 часот  биле лишени од слобода лицата Е.Б.(30) и С.Д.(24), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.П.(38) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.01.2018 година во Свети Николе на улицата „9 Мај“, од полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле одземени хероин и мешавина од кофеин и парацетамол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.Н.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на 2018 година во Пехчево на улицата „Буковик“, во домот на пријавениот, истиот му овозможувал на З.К. од Пехчево да конзумира марихуана. На 29.11.2018 година во Пехчево, од полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Во СВР Скопје вчера во 14:40 часот било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“, во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер.Пожарот со противпожарнен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Во село Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар. Настанот бил пријавен вчера во 12:00 часот, а смртта ја  констатирал лекар на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

В.М.(61) од Скопје, вчера во 17:15 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на булеварот „Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник.

Вчера во 8:00 часот, било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во пешакот В.И. (24) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.

Вчера во 14:15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за село Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото „хјундаи аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Вчера во 15:30 часот било пријавено дека во Струмица на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Рич, и мопед „јијинг“ со струмички регистарски ознаки, управуван од А.К.(27) од село Дабиле. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.К.. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Слични содржини