Специјалната обвинителка, Катица Јанева го одби барањето на адвокатот во случајот „Титаник 3“, Еленко Миланов, за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи од случајот.

Одбраната бараше и изземање на Јанева, но судијката Марија Клетничка го одби.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.