Алтернатива за „Рекет“: Oд успешна приказна да не станеме септичка јама

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Партијата „Алтернатива“, владиниот коалициски партнер бара брза и темелна истрага за случајот „Рекет“. Од партијата на Африм Гаши потсетуваат дека воспоставувањето правна и праведна држава е предуслов за членство во ЕУ. Тие се загрижени дека ваквите афери ќе влијаат негативно врз интегративната агенда.

-Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, не си даваме за право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот „Рекет” да има најголема посветеност и, притоа, никој да не биде амнестиран, кој и да бил тој и каква и да е функција да има. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет… Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во „септичка јама”, во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата – порачува Алтернатива.

Оттаму велат дека го подржуваат предлог-законот за Јавното обвинителство, кој предвидува СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство, но имаат и свои барања.

-Стравувајќи од селективниот пристап, ние сме предложиле и остануваме на ставот еден обвинител Албанец/Албанка да раководи со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – се вели во партиското соопштение.