Во случајот „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои се во притвор. Аферата Рекет се актуелизира откакако ја пријави фо обвинителството лично премиеорт Зоран Заев.Потоа излего и видео снимките објавени во „Ла верита“ каде се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец од куќата на Камчев изнесуваат еден милион евра.
Свои искази досега за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинители Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, како и шефицата на кабинетот на Катица Јанева.
Вчера во обвинителството беше сослушан и Зоки Милески-Кичеец кој веќе е во притвор.
„Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, изјави адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.
„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега енекоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.
Катица Јанев во своите изјави по обелоденување на афераата кажа дека 10 те случаи кои таа ги спремила со обвинителлите на СЈО се одговор зошто се мести оваа афера, лија цел е девалвација на СЈО и поради тоа таа дава оставка за да се избегне компрпомирација на сите тие случаи против челниците на поранечниот режим, односно сегашните опозиционери.
Во аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита” во телефонски разговор се слуша и гласот на Јанева како му вели на бизнисменот Орце Камчев да не се секира, „сѐ ќе биде ОК”. Таа не негираше дека се работи за нејзиниот глас, туку изјави дека била злоупотребена.Таа додаде дека како обвинител има право да преговара и од обинет да направи сведок, но сите детали се очекува да бидат расчистени на нејзиноот денешно први сослушување од обвинителската Вилма Рускоска.
