По претресот во СЈО Катица изнесена од гаражниот простор од СЈО

од desk4
299 прегледи

Заврши претресот на канцеларијата ан Катица ЈАнева во СЈО.Таа од просториите на СЈО за да се избегнат новианарите беше изнесена од гаражниот простор со полициско обезбедување.

 

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.

На крајот на денот се очекува крајната деестинација на Катица Јанева да биде  притвор во истражниот затвотр во Шутка-Скопје.

 

 

 

 

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/411653396374425/