Членовете на косовскиот Парламен денеска се собираат на вонредна седница на која ќе треба да гласаат за распуштање на законодавниот дом – потег што ќе го ослободи патот за предвремени избори во земјата, забележува електронското издание на приштинскиот дневен весник „Експрес“.

Политичките партии веќе се договорија токму денеска да одлучуваат за распуштање на законодавниот дом. Ваквиот договорот беше постигнат по оставката на премиерот Рамуш Харадинај кога беше повикан да се јави во судот во Хаг како осомничен за неговата улога на командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК) за време на војната од 1998-1999 година.