Нејмар и ПСЖ се помируваат

од desk4
232 прегледи

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, најверојатно, ќе остане во составот, пишува еден од
најугледните веснци во Франција, „Екип“.’

Опкружувањето на Бразилецот започна да сфаќа дека трансферот во друг клуб, а особено
Барселона до крајот на трансфер прозорецот, ќе биде многу тешко.

Според весникот неодамна, односите меѓу бразилскиот репрезентативец и раководството на
парижаните, особено со директорот Леонардо започнале да се нормализираат и да се
придвижуваат кон помирување.

„Страните имаат цивилизиран дијалог“, коментира извор близок до играчот.
Неговиот поранешен клуб Барселона имаше најголем интерес за играчот, но парижаните отфрлија
серија понуди. Интерес за Нејмар покажува и Реал Мадрид.