Пеп Гвардиола е оптимист дека Манчестер Сити може да ја освои Премиер лигата трета сезона по
ред. Повод за изјавата му дава играта, која тимот ја покажа против Тотенхем минатиот викенд.

Иако натпреварот заврши 2: 2, „граѓаните“ го надиграа противникот и создадоа 30 гол-шанси,
наспроти само 3 за гостите.
Гвардиола истакна дека таквото ниво на игра е тешко да се одржи кога има толку многу
натпревари во сезоната, но тоа не треба да му ја негира на Сити амбицијата да се подобри.
„Начинот на кој игравме против Тотенхем минатата недела покажува дека можеме да бидеме
подобри од минатата сезона. Тогаш многу малку натпревари се приближуваа до оваа со Тотенхем.
Игравме подобро при ремито (2:2) отколку во победата од 6:0 над Челзи. Невозможно е да се игра
вака на секои три дена, но ќе се обидеме да го задржиме темпото и да се надградуваме од овој
натпревар“, рече Гвардиола.
Попладнево, Манчестер Сити гостува во Борнмут, а дуелот започнува од 15 часот.